Здравствената криза го лиши Париз и неговиот регион од 15,5 милијарди евра приходи минатата година поради „историскиот пад на посетеноста“ на странските туристи, јави дописникот на МИА.

Се до кризата парискиот регион и Париз беа навикнати на рекордна посетеност,но главниот град на Франција прими околу 33,1 милиони туристи помалку во 2020 година во споредба со претходната година. Таа претрпе минатата година, како и сите дестинации, невиден „колапс“ на побарувачката и „широко распространето воведување на ограничувања за патувања“, се вели во извештајот објавен во понеделникот.

Така, само 17,5 милиони туристи, од кои 12,6 милиони Французи, беа пречекани минатата година во Париз и Ил-де-Франс, што е знак на „невидено влошување на туристичката активност“. Тие генерираа 6,4 милијарди евра приход од туризам. Изненадувачки, падот „е поизразен за меѓународните клиенти со -78 отсто на престоји“ наспроти „-56 отсто за француските клиенти“, или 15,7 милиони помалку туристи од Франција во споредба со 2019 година.

-По ветувачката старт на годината и покрај почетокот на здравствената криза во Азија и продолжувањето на социјалните движења во Франција, туристичката активност престана од средината на март, со почетокот на првото затворање, според регионалниот комитет з атуризам. Тогаш „беше забележано одредено закрепнување“ на крајот на овие ограничувања, од 11 мај и до второто затворање на крајот на октомври.

Туризмот во Париз Ил-де-Франс имаше корист од периодот на одмор, особено помеѓу јули и октомври со активност главно водена од жители на Ил-де-Франс, Французи и неколку локални клиенти од Германија, Велика Британија , Холандија, Белгија и Италија , забележува регионалниот комитет.

Хотелската индустрија е многу погодена, таа „претрпе целосен товар на отсуството на деловни и меѓународни клиенти“ и голем број на установи беа затворени од средината на март до крајот на мај, а потоа од крајот на октомври. Ова резултираше со пад од 68 отсто на ноќевањата во хотелите во 2020 година, наспроти -55 отсто за сезонски изнајмувања, во споредба со 2019 година. Хотелите во главниот град особено страдаа од недостаток на меѓународна клиентела, „70 отсто од нивниот промет беше генериран од неа “, Особено во високите установи, се додека бројот на посетители на музеи и споменици страдаше многу од „140 дена многу строгото затворање “.

Музејот Лувр и Замокот Версај забележаа пад на посетеноста од 72 и 76 отсто, соодветно. Што се однесува до деловниот туризам во Париз Ил-де-Франс, кој „може да претставува до половина од хотелските ноќи“ годишно, тој претрпе огромна штета со каскадното откажување на трговските саеми и професионалните настани, но сепак останува „моќен лост“ за закрепнување на туризмот.