Претседателот на Иран зачуди со силниот став и тон во однос на САД, велејќи дека „разговорите со Вашинготн се бескорисни“ бидејќи нуклеарниот договор на Техеран со светските сили дополнително се распаѓа.

Коментарот претседателот Хасан Рохани го даде во говор во Техеран при претставувањето на „Бавар-373“, нов ракетен систем земја-воздух за долг дострел кој е опишан како подорување на Рускиот С-300.

„Бавар-373“ систем на ракета со долг досег, што наводно може да погоди цели на одалеченост од 200 километри

Рохани, исто така, кажа дека „сега кога нашите непријатели не ја прифаќаат логиката, ние не можеме да одговориме со логика“.

„Кога нашиот непријател лансира ракета против нас, ние не можеме да одржиме говор и да кажеме „ракетен господине Ве молиме немојте да ја гаѓате нашата земја и нашиот недолжен народ. Ве молиме, стиснете го копчето и уништете го проектилот во воздухот, рече иранскиот претседател

Иран ја развива својата воена индустрија од 1992 година, пренесуваат американските медиуми