Повеќе илјади Шпанци присуствуваа во Мадрид на митинг на политичките партии од крајната десница кои бараат оставка од премиерот Педро Санчез.

Конзервативната опозициска „Народна партија“ и партијата од десниот центар „Граѓани“ организираа митинг со поддршка на партијата од крајната десница „Вокс“. Овие партии бараат оставка од Санчез бидејќи премиерот разговарал со сепаратистите во Каталонија.

Администрацијата на Санчез ги прекина, кон крајот на неделата, преговорите со каталонските сепаратисти, кога заменикот на шпанскиот претседател Кармен Калво изјави дека нема да отстапат од одржување референдум за независност.