Германски суд одлучи дека малата крајно десничарска партија Трет пат може да продолжи да поставува плакати со парлоата „Зелените на бесилка“, што градските власти во источногерманскиот град Цвикау наредија да бидат отстранети, пренесува „Асошиетед прес“.

Административниот суд одлучи дека плакатите треба да бидат поставувани барем на 100 метри одалеченост од плакатите на Сојуз 90/Зелени.

Градските власти во Цвикау минатата недела на партијата Трет пат и наредија да ги отстрани плакатите со аргумент дека паролата ги нарушува јавниот ред и човечкото достоинство.

Регионалниот огранок на Сојуз 90/Зелени изјави дека се надеваат оти градот ќе ја обжали одлуката на судот и додаде дека повикот за малтретирање на илјадници членови и поддржувачи на партијата е недозволив во јавниот простор.