Хаотични сцени можат да се видат на улците на Париз попладнево за време на првомајските протести. Пендреци, солзавец, крвави лица… и стотина приведени во протестите на Жолтите елеци и на синдикалните организации.

Безредијата почнаа околу 11 часот, а потоа тргна акција на полицјата која употребиваше солзавец и димни бомби против левичарските членови на Црниот блок, дваесетина организации од Европа кои се собраа на Авенијата Мон Парнас.

Некои од демонстрантите кои носеа качулки на главите и жолти елеци им возвратија на полицајците кои фрлаа со што стигнат врз нив.

Според официјланите информации повеќе од 7.000 полицајци се распоредени на улиците на Париз.

До 15.30 часот биле приоведени 165 лица, има и повредени но за сега не е соопштен нивниот број.