Американските туристи кои се вакцинирани против Ковид-19 ќе може да ја посетат Европската Унија во месеците што доаѓаат, рече во неделата во интервју за Њујорк тајмс, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Сигнализирајќи голема промена во политиката на ЕУ, додека вакцинирањето ширум светот се зајакнува, Фон дер Лајен не зборува за датуми, но Тајмс тврди дека новите правила може да стапат на сила на лето.
„Американците, колку што гледам, користат вакцини кои ги одобри Европската медицинска агенција“, додава. „Тоа ќе овозможи слободно движење и патување по Европската Унија.“
„Уште една работа е јасна: Сите 27 членки ќе ги прифатат, безусловно, сите оние кои се вакцинирани со вакцини одобрени од ЕМА“.
Comments are closed for this post.