– Поради огромниот број починати пациенти од Ковид-19 во Њу Делхи, локалните власти наредија да се сечат дрва во парковите со цел да се обезбеди гориво за масовно кремирање.  Во Њу Делхи и другите градови во Индија колони амбуланти возила чекаат на ред за да ги пренесат мртвите до крематориуми, а на гробиштата нема слободни места за погреб.

Коронавирусот во Индија се шири со рекордна брзина, болниците се без резерви на медицински кислород, ги молат добавувачите за помош, а луѓето на улица жалат за своите најблиски кои починале чекајќи да бидат примени во болниците, јавуваат светските медиуми.

Преполните гробишта и крематориумите се застрашувачки симбол на сегашната криза, но и показател дека здравствениот систем во Индија се распаѓа. Во болниците се почесто се случува еден кревет да го делат двајца, а понекогаш и тројца пациенти со Ковид-19.

Во трката со времето, властите се обидуваат да набават дополнителни кревети, респиратори и резерви медицински кислород.