Фејсбук се соочува со најтешкиот прекин во својата историја, со клучните услуги кои се неупотребливи за корисниците ширум светот во поголемиот дел од средата. Компанијата на Цукерберг последен пат со ваков проблем се соочила во 2008 година.

Ширум светот корисниците се огорчени откако дојде до пад на Фејсбук, Инстаграм и ВацАп. Меѓу првите проблемот го забележале корисниците од југот на Велика Британија околу 16 часот. Веднаш потоа, како што наведува британскиот таблоид Мирор, проблем се јавил и кај корисниците од САД, Бразил, Колумбија, Мексико и делови на Европа.

При отворање, на страниците се појавува порака која информира дека дошло до грешка која се појавува во момент кога корисникот ќе се обиде да пристапи. Од компанијата се уште не откриваат што го предизвикува ваквиот проблем, но потврдуваат дека не е поврзан со софтверски напад наречен „DDoS“.