Гласање за доверба на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, е закажано за следната недела, а лидерот на најсилната политичка група во Европскиот парламент го критикуваше предлогот како неодговорен во сегашните политички и економски околности.
Во четврток, 10 јули, Европскиот парламент ќе гласа за доверба на Урсула фон дер Лајен, пишува бриселскиот портал Политико, повикувајќи се на неименувани извори.
Ова е прв пат од 2014 година некој на чело на Европската комисија да се соочи со таков предизвик.
Иако не се очекува да биде усвоен, предлогот го покажува растечкото незадоволство во Брисел од претседателката на Европската комисија по низата нејзини контроверзни потези и скандали, вклучувајќи го и „Фајзергејт“ – манипулацијата со снабдувањето со вакцини за време на пандемијата и критиките за опортунизам и соработка со екстремната десница.
Гласањето во овој момент се чини дека ќе биде во голема мера симболично, бидејќи повеќето политички групи во ЕП веќе навестија дека ќе гласаат против предлогот.
Comments are closed for this post.