Лидерите од Европската унија договориле на самитот во Брисел одложување на Брегзит за 31 октомври, со дополнително разгледување на мислењата во јуни, пренесе синоќа Ројтерс повикувајќи се на добро информирани извори.

Како што се наведува, било очекувано британската премиерка Тереза Меј да добие поддршка за уреден излез на Велика Британија од ЕУ.

Лидерите на 27 земји членки на ЕУ го усогласиле ставот за Брегзит, кој претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск ќе и го претстави на британската премиерка.

Туск на твитер потврди дека лидерите на 27 земји од ЕУ се договориле за одлагање на Брегзит, но не го прецизираше временски рок до кога ќе биде одложен.


Тој додаде дека ќе се сретне со Меј како би ja обезбедил нејзинaта согласност.

Според актуелниот план, Британија треба ЕУ да ја напушти на 12 април, иако британските парламентарци се уште не го одобрија планот како тоа да се случи.