По долготрајни дипломатски контакти договорена е средба на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин со грчкиот премиер Алексис Ципрас на која треба да се нормализираат меѓусебните односи, објавија грчки медиуми. Средбата е дефинирана на 7 декември во Москва, кога Ципрас таму ќе патува на покана на Путин.

Билатералните односи летово стигнаа до точка на голема тензија откако Атина протера двајца руски дипломати, а на тоа возврати Москва. Тогаш Грција образложи дека на таков чекор се решила по сериозна анализа на некои околности, а потоа се објави дека зад тие околности наводно се крие дејствувањето на милијардерот Иван Савидис, кој во интерес на Москва настојувал да го минира постигнувањето на договорот за името меѓу Грција и Македонија.

Меѓутоа сега пред Москва и Атина се исправува нов проблем, а тоа се односите меѓу православните цркви по признавњето на афтокефалноста на украинската правослвна црква, прашање кое е многу веројатно дека ќе биде поставено на масата за разговори во Кремљ.