Бројот на загинатите во катастрофалните поплави на Мајорка во Шпанија се зголеми на 12 откако денес биле пронајдени уште два тела на маж и жена.

Меѓу загинатите има и туристи од Британија, и по еден Холанѓанец и Германец, соопштија шпанските власти, информирајќи дека по едно машко дете уште се трага.

Поројните дождови кои во вторникот го зафатија островот предизвикаа невиден хаос откако водените буици носеа се пред себе. Сликите ја изразуваат големата катастрофа. Можат да се видат превртени авомобили, однесени куќи, кал и секакви остатоци по зафатено подрачје.

Познатиот тенисер Рафаел Надал, кој потекнува од Мајорка, учествува во операциите на чистење и даде помош за справување со катастофата.

&