Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека жали за одлуката на Белгија да купи авион од америчката компанија „Локид Мартин“ наместо „Еурофајтер Тајфун“, произведен во соработка на Велика Британија. Германија, Италија и Шпанија.

Белгија соопшти дека со америчкиот авион „Локид Мартин Ф-35“ ќе ги замени старите Ф-16.

Макрон рече дека таквата одлука е резултат на процес кој го почитува и не сака да го коментира, но оцени дека е „стратешки против европските интереси“.

Белгија на компанијата „Локид Мартин“ ќе и плати четири милијарди евра.