Двете Кореи продолжуваат со взаемните мерки за доверба и претворање на границата во место на мир и помирување.Кaко што пренесува Ројтерс Северна и Јужна Кореја денеска се согласиле до следниот месец да уништат 22 стражарски места во опсег од 1 километар од секоја страна на границата. Ова следува откако на минатомесечниот самит во Пјонгјанг се согласија да формираат трипартитни консултации со Командата на ОН. Северна и Јужна Кореа треба да ги запрат и воените вежби, летовите во близина на границата и да ги отстранат мините.