Клубот Шериф е најпријатното изненадување во Лигата на шампионите. Вчера го совлада Реал среде Мадрид и е на првото место во групата. Но, малкумина знаат кој е овој клуб и од каде доаѓа.

Овој клуб доаѓа од Тираспол, град кој официјално е дел од Молдавија но всушност не е.Тираспол е дел од Придњестовската република која функционира дефакто како посебна држава во рамките на Молдавија иако не се признати од никого.

Имаат своја полиција, влада, админтративен премин и клуб кој е еден од најдобрите организрани. Газди на Шериф се Виктор Гушан и Илија Казмали кои најпрво ја основала компанијата Шериф како хуманитарна организација.

Но,всушност таа служела за шверц на циграри, месо, алкохол и оружје преку границата со Украина.

Гушан е поранешен офицер на КГБ, сега во пензија. Тој ја има пола Молдавија купено и поседува ланец на бензиски, супермаркети, телевизии, мобилни оператори.

Гушан во Украина го има еден од најлуксузните комплекси.Во Одеса на 6000 квадрати има свое пристаниште, апартмани за престој, лозја и бродови за прошетки по Дунав.