Бугарската легенда Христо Стоичков е вистински идол на младите во својата земја. Тој сака успесите како фудбалер на најголемите тимови како Барселона да им ги доближи до децата па напиша книга наречена „Историјата на Стоичков“. Таму низ шеги и слики е прикажано колку тој е значаен и дека Бугарија треба да биде горда на него.

Книгата чини околу седум евра и може да се нарача на Интернет. Стоичков како голем фан на ЦСКА го следеше дербито со Левски и можеше да се израдува на победата на својот поранешен клуб.