Српскиот центар, Никола Јокиќ, одигра одличен натпревар за Денвер нагетс, но тоа не беше доволно за неговиот тим да слави против Њу Џерси нетс.

Јокиќ мечот го заврши со 37 поени и 21 скок, но Карис Лаверт погоди шут на три десетинки до крајот, со што му донесе гостинска победа на Њу Џерси со резултат 112-110.


Овој триумф за „мрежичките“ беше трета победа во низа, што е прва таква серија за тимот оваа сезона.

Резултати од синоќешните натпревари

Денвер – Њу Џерси  110-112

Орландо – Вашингтон  117-108

Филаделфија – Шарлот  133-132 (прод.)

Атланта – Детроит  109-124

Мајами – Индијана  102-110

Јута – Бостон  123-115

Сакраменто – Минесота  121-110