Претседателот на Србија Александар Вучиќ во Берлин одговараше на прашања на албански новинари поврзани со фудбал. Тој им вети дека на Косово ќе направи убав стадион и дека убаво би било тоа да биде во Грачаница.

Вучиќ се потсети на деновите кога Приштина играла во првата југословенска лига и оти се сеќава дека биле добри.

Ве следев во онаа наша лига, секогаш бевте добри. Приштина секогаш беше тринаесетта, а ќе биде еднаш и дванаесетта во нашата лига-  се надева Вучиќ.