Според статистичките податоци од натпреварот во Лигата на шампионите, Меси и Гризман немаат скоро никаков контакт на теренот. За цели 90 минути од натпреварот, тие разменија вкупно 5 додавања – 2 од Гризман кон Меси и 3 во спротивна насока.

И покрај гласините дека имало конфликт помеѓу двајцата фудбалери, ѕвездата на Барселона, Лионел Меси негираше недоразбирање со францускиот напаѓач, кој дојде на „Камп Ноу“ по долга трансфер сага.

Јас немам проблем со Гризман, како и со сите други играчи. Сè е во ред помеѓу раководството и играчите. Со оглед на победите над Интер и Хетафе, ние мора да го потврдиме успехот со тоа што ќе ја победиме Севиља, со цел да преминеме спокојно кон натпреварите на националните тимови, рече Меси, цитиран од „Кориере дело Спорт“.