Работнички својата 82-годишнина од постоењето на клубот, го прослави со победа од 1:0 над Ренова, во премиерниот натпревар од 9. коло во Првата фудбалска лига.

За Работнички, ова е трета победа сезонава. Голот падна во 58-ма минута, кога Мишковски од Ренова си даде автогол.

„Романтичарите“ можеа да победат и поубедливо, но во 81-ва минута Марковиќ утна пенал. Со новите три бода, Работнички е на седмо место на табелата со 10 бода. Ренова со победа ќе беше втора, а вака остана четврта.

Утре играат:

Академија Пандев – Силекс,

Шкендија – Вардар,

Македонија Ѓорче Петров – Шкупи

Борец 1919 – Струга Трим Лум.