Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров ќе играат внимателно, но со голема верба во успех на гостувањето кај ерменски Алашкерт, во првиот натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на Европа.

Како што истакнува тренерот на Македонија ЃП, Алекандар Таневски, свесни дека ерменскиот фудбал заслува секаква почит, но дека се убедени оти на теренот ќе се покаже лавовискиот карактер на неговите фудбалери.

Не очекува натпревар со добар противник, кој игра допадлив фудбал. Последните неколку години ја претставува Ерменија во европските натпреварувања, ги респектираме и ќе влеземе максимално претпазливо во првите 90 минути. Спремни го дочекуваме натпреварот, а неколкуте добро одиграни пријателски натпревари се знак дека сме добро подготвени за она што не очекува. Познавајки ги моите момци кои имаат силен лавовски карактер и многу пати до сега покажаа дека кога е најпотребно знаат да го дадат својот максимум ми дава за право да верувам во добар резултат – вели Таневски.

Дуелот меѓу Алашкерт и Македонија Ѓорче Петров ќе се игра со почеток од 17 часот, додека реваншот ќе биде во Скопје на 18 јули, на тренинг центарот на ФФМ.