На гостувањето против Академија Пандев во Скопје, екипата на Зрињски од Босна и Херцеговина, има голема поддршка од група од околу двесте навивачи.

Мостарците, сместени на источнататрибина, од почетокот на натпреварот гласно пејат и го бодрат својот тим.

Таквата нивна поддршка премина во еуфорија по водечкиот гол за Зрињски што го постигна Ирфан Хаџиќ кога навивачите ги соблекоа своите маици и навивањето го продолжија голи до појас.