Тренерот Оле Гунар Солскјер му порача на Пол Погба дека играта во Манчестер јунајтед ќе ја гради околу него, истото го соопштил и на останатите од тимот дека Французинот е „главниот човек“ сега на Олд Трафорд.

Победникот од Светското првенство не беше „игран“ од  претходниот менаџер Жозе Мурињо и се повлече од почетниот состав. Но, по пристигнувањето на Солскјаер кај „црвените ѓаволи“ Погба се врати на теренот постигнувајќи 8 гола во последните пет натпревари во Премиер лигата.

Играчот на Манчестер јунајтед, Пол Погба, е задоволен од назначувањето на тренерот Оле Гунар Солскјер. Дваесет и пет годишниот француски играч од средниот ред зборуваше за тоа што се сменило со доаѓањето на Норвежанецот на клупата на Јунајтед.

„Пред доаѓањето на Солскјер бев во сенка и седнав на клупата. Морав да се помирам со ова, но сега сум задоволен што повторно да играм. Сега секогаш се смеам. Солскјер прави навистина добра работа. Како поранешен играч, тој го знае менталитетот на овој клуб. Се врати во Манчестер јунајтед за да ни помогне, и тоа го прави многу добро“, смета Погба.