Екипата на Лидс, за која настапува македонскиот фудбалски репрезентативец, Езџан Алиоски, ги засили своите редови со досегашниот голман на Реал Мадрид, Франциско Касилја.

32-годишниот чувар на мрежата, сезонава беше трет голман на „кралевите“. Во Англија доаѓа како слободен играч, а со Лидс потпиша 4,5-годишен договор.

Касилја, кој има еден настап за репрезентацијата на Шпанија, е големо засилување за тимот на Алиоски. Во моментов Лидс е прв во Чемпионшип лигата (втората по ранг во Англија) со четири бодови предност пред Шефилд унајтед и Норич, со што е во одлична позиција да обезбеди директен пласман во англиската Премиер лига.