Откако во првото коло во Лигата на шампионите, екипата на Црвена звезда освои еден бод против Наполи, „црвено-белите“ се соочија со суровата реалност на квалитетот на противниците во нивната група. На гостувањето во Париз белграѓани беа почестени со шест голови од ПСЖ, а единствениот позитивен момент за нив беше почесниот гол што го постигна Марко Марин. Во редовите на сино-црвените од ПАриз, Нејмар постигна три гола, додека Единсон Кавани, Килијан Мбапе и Анхел Ди Марија по еднаш ја тресеа мрежата на српскиот шампион.
Во другиот натпревар од групата Наполи славеше со 1:0 против Ливерпул, со што најави „мртва трка“ за првите две позиции во групата.
Барселона постигна четири голови на гостувањето во Лондон каде што славеше против Тотенхем со 4:2. Лионел Меси двапати, Кутињо и Иван Ракитиќ беа стрелци за Барса, додека головите за англискиот тим ги постигнаа Хари Кејн и Ерик Ламела.
Во вториот меч од групата, Интер славеше на гости кај ПСВ со 2:1, со што се издвои на првото место во групата, заедно со Барселона со по шест бодови. Стрелци за Интер беа Раџа Наинголан и Мауро Икарди, додека за тимот од Ајндховен стрелец беше Росарио.
Борусија Дортмунд и Атлетико Мадрид славеа во дуелите против Монако и Клуб Бриж, со што потврдија дека се главни фаворити за првите две места во групата.
Германците на домашен терен славеа со 3:0, со головите на Ларсен, Пако Алкасер и Марко Ројс. Атлетико, пак, во МАдрид го совлада Бриж со 3:1. Двоен стрелец за „црвено-белите“ беше Антоан Гризман, а белгиската мрежа ја погоди и Коке, додека за голот за Бриж беше дело на Гренвелд.
Порто и Шалке ги забележаа првите победи во Лигата на шампионите и по нерешените средби во првото коло се издвоија на табелата со по четири бодови.
Португалците на домашен терен го совладаа Галатасарај со 1:0 со голот на Марега, а со истиот резулта, но на гости Шалке го совлада Локомотив Москва. Стрелец на голот за Германците беше Меккени.
Comments are closed for this post.