Руските тимови имаа одличен настап во второто коло од Лигата Европа.

Особено импресивен беше триумфот на Краснодар против шпанска Севилја со 2:1 и тоа по целосен пресврт. Шпанците водеа на полувреме, со автоголот на Каборе, но фудбалерите на Краснодар не се предаваа до крај, што им донесе резултат. Прво во 72 минута Переира изедначи, а на две минути до крајот Окриашвили го постигна вториот гол за победа на рускиот тим.

Уште подраматичен меч одигра екипата на Спартак Москва против уште една шпанска екипа, Вилјареал. Шпанците имаа водство од 2:1 до десетина минути пред крајот, кога Зе Луис во 82 и Мелгарехо во 85 минута постигнаа по еден гол за целосен пресврт и водство од 3:2.

Сепак, руската радост беше ускратена во шестата минута од судиското надополнување, кога Вилјареал израмни со голот од пенал чиј успешен реализатор беше Санти Касорла.

Третиот руски претставник, Зенит, немаше некој премногу драматичен меч против Славија Прага, која ја совлада со 1:0 со голот на Кокорин во 80 минута.

Резултати од останатите натпревари

Милан – Олимпијакос   3:1

Андерлехт – Динамо Загреб   0:2

Баер Леверкузен – АЕК Ларнака   4:2

Бетис – Дуделанж   3:0

Фенербахче – Спартак Трнава   2:0

Карабах – Арсенал   0:3

Розенборг – Лајпциг   1:3

Сацбург – Селтик   3:1

Ворскла – Спортинг   1:2

Аполон – Марсеј   2:2

Челзи – Видеотон   1:0

Ајнтрахт Франкфурт – Лацио   4:1

Малме – Бешикташ   2:0

Ренџерс – Рапид Виена   3:1

Стандард Лиеж – Акисар Беледије   2:1

Бордо – Копенхаген   1:2

Цирих – Лудогорец   1:0

БАТЕ Борисов – ПАОК   1:4

Јаблонец – Динамо Киев   2:2

Сарпзборг – Генк   3:1