Екипата на Реал Мадрид не успеа да го совлада Валјадолид на домашен терен со што ги поништи добриот впечаток од стартната победа во прввото коло во новата сезона и позиционирањето на првото место на табелата во шпанското првенство.

„Кралевите“ беа подобар противник, создадоа голем број шанси, но се беше залудно кога им недостасуваше прецизност во завршницата. Отпорот на гостите, конечно, го скрши Карим Бензема со шут од ивицата на шеснаесетникот во 82 минута, но таа радост траеше кратко. Само шест минути подоцна, по една пресечена топка на средината на теренот, фудбалерите на Валјадолид изведоа брза контра во два потега, што со гол ја круниса Серхио Гвардиола.

По овој резултат и двете екипи по две одиграни кола имаат освоено по четири бодови.