Проширено Светско првенство во фудбал со 48 репрезентации во 2022 година ќе обезбеди финансиска добивка до 400 милиони долари, се нагласува во интерна физибилити студија нарачана од ФИФА.

Се очекува на состанокот на ФИФА во Мајами оваа недела да се зборува за таа студија за СП во Катар.

Претседателот на ФИФА Џани Инфантино е познат поддржувач на зголемување на Мундијалот од 32 на 48 репрезентации, проширување кое прво требаше да биде за СП во 2026 година.

Физибилити студија која ќе биде претставена на седница на советот на ФИФА оваа недела во Мајами, што почнува в четврток, во голема мера ја поддржува идејата за проширување на СП во 2022 година.

Извор запознат со студијата вели дека проширен турнир ќе ги зголеми приходите за 300 до 400 милиони долари (помеѓу 265 и 354 милиони евра), со дополнителни приходи и  од правата за телевизии и маркетинг, и продажбата на билетите.