Во Градскиот парк, непосредно пред почетокот на  фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Полска, навивачи од Полска се степале меѓу себе, по што 200 лица се приведени.

Тие ќе бидат задржани во полициска станица додека трае натпреварот, а од МВР ја потврдија информацијата за Пресинг ТВ.

„Поголема група навивачи се степале во Градскиот парк во близина на стадионот. Полициските припадници интервенирале и ги привеле“, велат  од Министерството за внатрешни работи.

На Youtube каналот се појави и видео снимка.

Инаку Македонија и Полска го играат првиот меѓусебен натпревар од квалификациите за пласман на европското првенство во 2020 година.