Македонската фудбалска репрезентација и дефинитивно нема преку групата да оди на Европското првенство. Ако до вечерва постоеја некакви теоретски шанси по поразот од Австрија со 2-1 е јасно дека надешта дека ќе одиме на ЕП ние преку Лигата на нации и дуелот со Косово.

Вечерва во Виена Македонија не одигра речиси ништо. Селекторот Ангеловски се реши за затворена варијанта со тројца централни дефанзивни играчи.

Домаќините постојано создаваа шанси а нашата одбрана не успеваше да ја задржи топката во свој посед и да организира напад. Македонија се закани само двапати преку Стојановски кој влезе на местото на Трајковски и го постигна почесниот гол.

Последниот меч го играме во вторник дома со Изреал по што сите погледи ќе бидат свртени кон март и дуелот со Косово.