Тренерот на Лацио, Џенаро Гатузо, даде свое видување за синоќешниот триумфот од 3:0 над Јувентус во гостувањето во натпреварот од 7. коло од Италијанското фудбалско првенство.
– Ова е прв пат да победам тука откако почнав во оваа професија. Јас и мојот персонал смислуваме идеи, но момците се тие што ги спроведуваат, па затоа заслужуваат признание. Работиме напорно на тренинзите, но создадовме вистинска семејна атмосфера тука. Клубот исто така заслужува пофалби затоа што имавме малку пари на трансфер пазарот, но баравме добри, решителни луѓе кои сакаа да дојдат тука по секоја цена. Не треба да ја гледаме табелата во моментов. Ќе уживаме во оваа прекрасна победа, но потоа повторно ќе работиме да се подготвиме за Парма. Не сме навикнати да бидеме на врвот, а можеби и не сме подготвени за тоа, но ако одиме натпревар по натпревар, можеме да ги изненадиме луѓето. Претходно на полувремето губевме па преземавме ризици. Овој пат мислам дека направивме уште еден чекор напред во однос на контролата на натпреварот, изјави Гатузо за „DAZN“.
Јувентус нема победа над Лацио на последните четири натпревари – два порази и две нерешени резултати. Последниот пат кога Јувентус го победи Лацио беше пред точно две години (1:0).
Лацио со 19 бода од седум натпревари е втор на табелата во Серија А. Лидер е Интер исто така со 19 бода







Comments are closed for this post.