Влатко Стојановски е новата македонска фудбалска надеж.Тој вчера беше еден од најдобрите на мечот со Австрија и го постигна почесниот гол во финишот. Настапува за француски Ним и ова му е прв настап за националниот дрес.

Нормално дека секој се надева да дебитира во македонскиот дрес. Мислам дека тоа е едно огромно чуство за еден професионален фудбалер. Работата на секој напаѓач е да ја користи секоја шанса за гол но дали тоа секогаш ќе се оствари не зависи секогаш од него. Многу сум среќен за постигнатиот гол, можев да постигнам уште еден најмалку. “ – изјави Влатко Стојановски.