Српскиот фудбалски репрезентативец, Лука Јовиќ, во голем стил беше презентиран како нов фудбалер на Реал Мадрид. Првиот чекор во гламурозната презентација, 21-годишниот Јовиќ го имаше во салата на трофеи на „кралскиот клуб“, каде што опкружен со 13 пехари од Лигата на шампионите и во придружба на претседателот на клубот, Флорентино Перез, стави потпис на шестгодишниот договор.
Потоа, Јовиќ излезе на теренот на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ каде што беше поздравен од неколку илјади навивачи коишто дојдоа да му посакаат добредојде на својот нов миленик, по што следуваше и официјалната прес-конференција, на којашто Лука истакна дека си го исполнил својот сон од детството и дека очекува да даде придонес за освојување нов трофеј во Лигата на шампионите.
Заедно со Јовиќ, нови членови фамилијата „Реал Мадрид“ ќе бидат и двајцата што се негова најголема поддршка во животот и кариерата, неговата девојка Анџела Маниташевиќ и нивното новородено синче. Тие двајца се дел од приватниот живот на Јович, за кој Лука не сака премногу да зборува во јавноста.
Анџела и Лука се заедно уште од 2016 година, односно од времето кога тој настапуваше за Црвена звезда и на нивната љубов не влијаеше ни тоа што Лука кариерата го одведе прво во Португалија (Бенфика) па во Германија (Ајнтрахт Франкфурт). Нивниот син се роди во февруари, а среќната вест фудбалерот ја соопшти на својот инстаграм профил.
Таа слика од Лука и неговото синче е една од ретките моменти кога фудбалерот споделува детали од својот приватен живот на социјалните мрежи, а тоа особено важи за врската со Анџела. Тие двајца речиси никогаш јавно не ја искажуваат љубовта кон другиот.
Така, на профлиот на Анџела нема ниту една слика од Лука меѓу 109 достапни фотографии, а слично е и со профилот на фудбалерот, каде што нема слики од Анџела. Лука единствено ја означува својата девојка на сликите на коишто е сликан со нивниот син.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Comments are closed for this post.