Ракометната репрезентацијата на Македонија обезбеди пласман на Европското првенство 2020 откако денеска победи на гостински терен кај Турција (25-26) во петтото коло од квалификационата група.

Нашиот национален тим го доби и вториот меѓусебен дуел со турската селекција и сега ќе го обезбедува првото место во групата против Грција в недела во Струмица.