Олга Даниловиќ веќе подолг период не учествува на тениски турнири, а поради тоа доживеа голем пад на ВТА листата.

Таа го одигра својот последен натпревар на почетокот на февруари кога беше поразена од Полјачката Цвалинска, а неодамна објави дека и Јан Облак се свршиле.

 

Олга и Јан очекуваат дете, а ќерката на кошаркарската легенда Предраг Даниловиќ треба да се породи во септември, објави „Спорт клуб“.