Екипата на Наполи, во чии редови настапи македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, го совлада актуелниот европски шампион Ливерпул со 2:0 во првото коло од Лигата на шампионите.

Елмас влезе во игра во игра во 75 минута, при резултат 0:0, по што седум минути подоцна неговата екипа дојде во водство од пенал, што успешно го реализира белгискиот интернационалец Дрис Мертенс. Поразот на ланскиот шампион го завери искусниот шпански напаѓач, Фернандо Љоренте во втората минута од судиското надополнување.

Лео Меси се врати

Иако одигра само 0:0, екипата на Барселона се враќа од Дортмунд со убави вести. Најважно за Каталонците е тоа што на теренот се појави Лионел Меси, кој го имаше првиот настап сезонава по повредата на листот и ги одигра последните триесетина минути од мечот.

Дополнително задиоволство за Барселона е и освоениот бод, со оглед на тоа што Германците одиграа многу подобро и имаа неколку одлични шанси за гол. Сепак, голманот на Барселоба, Марк-Андре Тер Штеген бранеше одлично, а во 57 минута го фати и пеналот што го изведе Марко Ројс.

Резултати од натпреварите:

Наполи – Ливерпул 2:0

Салцбург – Генк  6:2

Борусија Дортмунд – Барселона  1:1

Интер – Славија Прага  1:1

Ајакс – Лил  3:0

Челзи – Валенсија  0:1

Бенфика – Лајпциг  1:2

Лион – Зенит  1:1