Шпанецот Рафаел Надал, избори финале на АТП турнирот во Рим, победувајќи го во два сета грчкиот тенисер Стефанос Циципас.

Полуфиналето траеше еден час и 43 минути и заврши со 6:3 и 6:4.

Вториот светски рекет во финалето ќе се сретне со победникот од дуелот Новак Ѓоковиќ против Диего Шварцман.

Мечот е закажан да се одигра вечерва во 20 часот. Наградниот фонд на турнирот во италијанската престолнина изнесува 5,2 милиони евра.