Велика Британија ја тресе голем скандал откако медиумите открија дека фудбалскиот клуб Шефилд Јунајтед е финансиран од сомнителни извори.

Конкретно, еден од косопствениците го обивини саудискиот принц Абдулаха Бин Мосад Ал Сауд дека перел пари за исламските терористи додека пак адвокатот на Принцот тврди дека Мекејб знаел дека фамилијата на Бин Ладен уплатила 3,5 милиони евра за клубот и оти поседува документи со кои тоа ќе го докаже.

Иако Шефилд обезбеди пласман во Премиер лигата за следната сезона лесно може да се случи тој да биде дисквалификуван доколку дојде до судската истрага за целиот случај.