Манчестер сити го освои трофејот во ФА купот, откако вечерва во финалето на „Вембли” во Лондон го победи Вотфорд со убедливи 6:0.

Рахим Стерлинг постигна три гола, по еднаш во листата на стрелците се запишаа Давид Силва, Кевин Де Бруин и Габриел Жезус.

За „граѓаните” ова беше шести трофеј во историјата на ФА купот.

Манчестер сити оваа сезона покрај ФА купот ги освои и трофеите во Премиер лигата и Лига купот и стана првиот англиски клуб со три наслови во една сезона во домашните натпреварувања.