Македонската репрезентација го доведе во прашање пласманот во вториот круг откако денеска доживеавме пораз од Чешка 27-25. Нашите ракометари играа добро само во првиот дел, а во второто полувреме како ништо да не функционираше. Голманите немаа свој ден, се правеа грешки и во нападот. На висина на задачата беше единтвено Кире Лазаров.

Со овој пораз, Македонија ќе бара победа против Австрија во вторник но ќе зависи и од дуелот Чешка-Украина.