На големо изненадување Австрија е првата репрезентација од нашата група која обезбеди пласман во вториот круг. Тие денеска ја совладаа Украина со 34-30. Со оваа победа Австријците се најмалку втори во групата.

Математиката вели дека на Македонија ќе и биде потребна победа со пет гола разлика за прво место во групата. Но со тесна победа Македонија може и да биде елиминирана ако Чешка убедливо ја порази Украина.