Македонската ракометна репрезентација, денеска, со почеток во 20 часот против селекцијата на Финска ќе ги започне натпреварите во квалификациите за пласман на Европското првенство следната година.

„Црвено жолтите“ во пресрет на дуелот со финците се соочија со низа проблеми поради вирусот ковид -19. Селекторот Данило Брестовац не можеше да смета на сите ракометари кои беа повикани, а коронавирусот хаос направи и во стручниот штаб.

Брестовац без разлика на корона кризата најави дека Македонија ќе биде посилна, помотивирана и оти ќе оди на победа. Непосредно пред официјалниот почеток, Брестовац ги одбра 16-те ракометари кои ќе се судрат со Финска.

Директен пренос од мечот Македонија – Финска ќе има каналите МТВ 1 и 3.