Македонската ракометна сениорска репрезентација денеска со пресметката против Грција во Струмица ги завршува квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година.
Ова е дуел на кој нашата селекција со позитивен резултат ќе го потврди првото место на табелата, односно ако дојде до истиот ќе им се реваншира на Грците за шокантниот пораз од првата средба.
Денешниот дуел се игра од 18 часот, а пред истиот селекторот Данило Брестовац направи три промени во составот во однос на претходниот натпревар одигран против Турција.
На местото на повредениот Стојанче Стоилов ќе настапи Горан Крстевски, Милорад Кукоски ќе биде заменет од Дарко Димитриевски, додека пак Мартин Серафимов ќе добие шанса на сметка на Томислав Јагуриновски.
Comments are closed for this post.