Македонската хокеарска репрезентација славеше во второто полуфинале на „Девелопмент Купот“ во Фисен Германија над селекцијата на Андора со 6:3 и се избори за финале на турнирот и битка за златен медал.

извор: фејсбук страна на Хокеј федерација на Македонија

Овој „Девелопмент Куп“ важи за неофицијално светско првенство за земјите кои немаат свои затворени лизгачки арени. Македонија досега победи на сите четири средби, па останува утре против најголемиот конкурент Португалија да се бори за првиот поголем трофеј.

Финалниот дуел утре е закажан од 19 часот.

извор: фејсбук страна на Хокеј федерација на Македонија

Македонија на овој турнир е претставувана од: Владимир Илиевски, Рок Шарлохар, Рок Симшич, Лука Урбас, Нејц Турк, Андреј Василев, Давор Атанасов, Стефан Децковски, Самуел Наумовски, Дмитрији Прокудин, Кристијан Ташевски, Петар Трпески и Бојан Василковски.