Ракометната репрезентација на Македонија оствари победа против Србија со 37:31 (19:13) во првата од двете контролни средби пред СП 2019, кое се игра од 10 до 27 јануари во Германија и Данска.

Во „ВИП арената“ во Скопје, избраниците на Раул Гонзалез одиграа одличен меч, во кој доминираа од почеток до крај. Во 42. минута, „црвено-жолтите“ стигнаа и до двоцифрена предност (27:17), по што смирено го приведоа натпреварот кон својот крај и конечна победа од +6.

Најпрецизни во составот на Македонија беа Манасков со девет, Кузмановски со шест и Лазаров со пет голови, додека кај Србија Марсениќ реализираше три голови.

Втората проверка се игра на 6 јануари, но средбата ќе биде од затворен карактер.