Српскиот фудбалер Адем Љаиќ ја преболи манекенката Софија Милошевиќ. Како што пишуваат медиумите негова нова љубов е сликарка од Нови Пазар.

Нејзиното име е Зубејда Даздаревиќ, која магистрирала на Ликовната академија во Скопје и досега имала неколку самостојни изложби.

Таа има две деца и од неодамна е разведена. Адем во неа е многу вљубен и за разлика од врската со Софија, со Зубејда поминува многу повеќе време заедно.