Женската ракометна репрезентација денеска ги дозна противниците во квалификациите за пласман на ЕП 2020, кое ќе се игра во Норвешка и Данска.

„Жолто-црвените“ ќе се соочат со Шведска, Португалија и Чешка во групата 5, а квалификациите ќе почнат на 25/26 септември.

Првите две најдобри репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман на континенталниот собир.

Европското првенство ќе се одржи од 4 до 20 декември во 2020 година.

Квалификациски групи:

Група 1: Победник од квалификации, Австрија, Шпанија и Холандија
Група 2: Литванија, Унгарија, Црна Гора и Италија
Група 3: Белорусија, Словенија, Германија и Косово
Група 4: Швајцарија, Србија, Русија и Словачка
Група 5: Македонија, Португалија, Чешка, Шведска
Група 6: Турција, Хрватска, Исланд, Франција
Група 7: Фарски Острови, Украина, Полска, Романија.