Селекторот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Роберт Просинечки го објави списокот на играчи на кои смета во продолжението од квалификациите за Европското првенство и во таа прилика ги изненади сите.

Имено, на списокот на играчи кои ќе играат во септември за популарните Змејови се најде и Златан Ибрахимовиќ. Секако, станува збор за лапсуз, а сите присутни добро ги насмеа.

„Ибрахимовиќ… овој.. Шехиќ, слушајте ме мене, Пириќ, Буриќ, и самиот Просинечки се насмеа како и сите присутни.

На селекцијата на БиХ и претстојат дуели со Лихтенштајн на 5 септември и со Ерменија три дена подоцна.