Фудбалската репрезентација на Македонија ќе игра против селекцијата на Косово во полуфиналниот дуел од плејофот во Лигата на нации, за пласман на Европското првенство во 2020 година.
Нашиот национален тим ќе биде домаќин, а мечот ќе се игра во март 2020 година.
Косовците се пласираа меѓу најдобрите четири селекции во лига Д, откако стигнаа до првото место во групата 3, по победата над Азербејџан од 4-0.
Македонија ја освои првата позиција во групата 4, пред Ерменија, Гибралтар и Лихтенштајн, со што веќе избори пласман во повисок ранг, во лига Ц.
Грузија ќе игра против Белорусија во второто полуфинале од лига Д.
Победникот во финалето ќе обезбеди учество на Европското првенство во 2020 година.
Comments are closed for this post.