Под мотото „Македонска парада на гордоста“ навивачката група Комити организира пречек и прослава на ракометарите на Вардар. Авионот со кој ќе пристигнат ракометните шампиони на Европа ќе пристигне во Скопје во 18.50 часот, а како што објавија од „Комити“, собирот за тргнување кон аеродромот ќе биде во 17 часот ред салата „Јане Сандански“.

Таму ќе има организиран превоз од ЈСП за тие што немаат сопствени возила, а конвојот ќе биде предводен од моторџиската група „Ноќни волци“.

„Комити“ најавуваат кратка дружба со ракометарите на аеродромот, по што ќе има дефиле од автомобили, автобуси, мотори, кон плоштадот „Македонија“.

Во кратки црти за Пречекот на Хероите и Парадата на Гордоста ДЕНЕС:
– Собир: 17:00ч. пред сала Јане Сандански!
-…

Posted by Komiti Skopje on Monday, June 3, 2019